ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потпишан договор за соработка и размена на информации во електронска форма меѓу МВР и Управа за водење на матични книги

January 25, 2024 11:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Управата за водење на матичните книги Емир Сулејмани денеска потпишале Договорот за соработка и размена на информации во електронска форма, а со цел натамошно поттикнување и јакнење на меѓусебната соработка и поуспешно и поефикасно спроведување на законски утврдените надлежности, соопшти МВР.

-На овој начин воспоставуваме соработка со размена на податоци и документи во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Согласно договорот ќе се применуваат највисоките стандарди за етичко и законито однесување, а ќе се преземаат и сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Како договорни страни, за потребите на нашите институции, преку платформата за Интероперабилност овозможуваме меѓуинституцинална соработка и пристап до регистрираниот сервис за „Определување на матичен број”, истакнал министерот Спасовски за време на средбата пред потпишувањето на договорот.

Според Спасовски овој договор го претставува напредокот и модернизацијата, како и тоа дека соработката и употребата на технологијата може да создадат силни врски помеѓу различни институции со цел да обезбедат ефикасна и ефективна услуга кон граѓаните и да се елиминираат злоупотребите.

-Преку овој договор ние ги зајакнуваме нашите капацитети за брза и точна размена на информации, што е од клучно значење во работата на нашите институции, со што овозможуваме поголема трансапрентност, ја намалувме бирократијата и ги елиминираме можностите за злоупотреба. Силно верувам дека ова е чекор напред кон подобра сервисна ориентираност на нашите институции кон граѓаните и сведочи за нашата подготвеност да се прилагодиме на новите предизвици и да го искористиме потенцијалот на технологијата за да го подобриме квалитетот на животот на секој поединец, истакнал Спасовски.

Тој притоа упатил благодарност до вклучените во проектот – Одделот за информатика и Одделот за граѓански рабои при МВР, како и до соработницире од Управата за водење на матичните книги.

Директорот на Управата за водење на матичните книги Сулејмани потенцирал дека конечно се остварува неколкугодишната заложба да се реализира овој проект, со оглед на тоа дека институциите се првиот контакт со граѓаните. Притоа, тој истакнал дека со соодветни упатства и рокови ќе се продолжи со имплементација на договорот.

Tags: ДоговорЕмир СулејманиСпасовски
Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Курти е за одвоен процес на интеграција, ЕУ бара нормализација на односите со Србија; Бериша останува во домашен притвор

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk