Реал Мадрид го надмина Манчестер Сити во рангирањето на најпрофитабилните фудбалски клубови на крајот од сезоната 2022/23, објави „Deloitte“.
Приходите на мадридскиот клуб изнесуваат 831 милион евра, што е за 118 милиони евра повеќе во однос на сезоната 2021/22.
Шпанскиот клуб се најде на врвот на ранг-листата за прв пат по сезоната 2017/18. Растот на приходите беше поттикнат од силните перформанси на малопродажбата, зголемената посетеност на стадионите и обновувањето на приходите од спонзорството по олеснувањето на ограничувањата за коронавирус.
Реал Мадрид го надмина Манчестер сити (826 милиони евра). Следуваат ПСЖ (802 милиони евра), Барселона (800 милиони евра) и Манчестер Јунајтед (746 милиони евра).
Во шпанското фудбалско првенство Реал моментално е на 2. место со еден бод помалку од лидерот Жирона.