ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

До крајот на април предлог до Владата за универзален снабдувач со електрична енергија

January 31, 2024 12:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на април е рокот за одлука за најповолната доставена понуда на повикот за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и предлогот да биде доставен до Владата, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.  Тој не очекува промени на цената на струјата и по 1 јули кога треба да има нов универзален снабдувач, како што вели, имајќи ги во предвид сегашните параметри и стаблизираната енергетска состојба.

-За универзалниот снабдувач се добиени три понуди, постапката е во тек, комисијата работи и има рок да донесе соодветна одлука до крајот на април за да и предложи на Владата. Граѓаните секако дека ќе имаат универзален снабдувач во предвидениот рок, рече Бектеши на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Бектеши повтори дека до 1 јули ќе нема никава измена во делот на утврдување на цените по блокови, потсетувајќи дека двапати годишно се утврдува цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.

Каква ќе биде одлуката од 1 јули натака, посочи дека во моментот не може никој да знае бидејќи треба да се видат влезните параметри во првите шест месеци од годината.

– Но, енергетската криза во нашата држава е целосно стаблизирана, редовно се одвиваат сите заложби на енергетските компании и другите вклучени и затоа не очекуваме да има зголемување на цената и од 1 јули имајќи ги во предвид параметрите што ги имаме во моментот и тоа што беше претходно ако го споредуваме со тоа што го имаме во моментов во енергетскиот сектор, рече Бектеши.

Во однос на поплаките за испорачани превисоки сметки, посочи дека цените во блоковите се многу транспарентни и објавени од Регулаторната комисија за енергетика и не верува дека има зголемување на цените повеќе од тоа што се утврдени. – Ако сметаат дека има некоја грешка или злоупотреба граѓаните секогаш имаат право на жалба до РКЕ, наведе Бектеши.

На јавниот повик за избор на универзален снабдувач, понуди доставија ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје – носител, и ЕВН Македонија АД Скопје – член на групата,  со понудена маржа од 11,4 отсто, ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје со 11,4 отсто, како и група понудувачи ЕДС АД Скопје, ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје, чија понудена бруто маржа изнесува 11,45 отсто.

Според процедурата, по евалуацијата на економско-финансиската и на техничката способност на понудувачите, економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација ќе бидат поканети да учествуваат на негативно наддавање преку електронска аукција, пришто како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација. Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде поканет да го потпише Договорот за универзален снабдувач со електрична енергија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бектешиструја
Next Post

Ордановски: Апсењата во Грчец може да се основа за професионално справување со криминалот

НАЈНОВО

ЦИВИЛ како дел од јавен настан вечерва во Рим ќе ја промовира книгата „Одбрана на демократијата и човековите права“

October 2, 2025
Скриншот

Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

October 2, 2025

Вакцинацијата против сезонски грип почнува од втората половина на октомври, набавени 80.000 бесплатни вакцини

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Холивуд со жестоки реакции за „актерката“ создадена со вештачка интелигенција Тили Норвуд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандалозна изјава на Орбан: Украина „не е суверена држава“ и членството во ЕУ би ја вовлекло Унијата во војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ацевски: Загадувањето во Ѓорче не може да се реши со изградба на хемиски фабрики во центарот на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk