Во акциската сообраќајна контрола во текот на вчерашниот ден само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, соопштија денеска од МВР.
Меѓу изречените санкции 25 се за непочитување на брзината на движење, 14 се мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, осум мерки за користење на мобилен телефон…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.