Алжир му предложи на Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, а со која, исто така, се „отфрла принудното раселување на палестинското цивилно население“.
Британските медиуми пренесуваат дека нацрт резолуцијата, исто така, бара од сите страни да се усогласат со меѓународното право и повикува на целосен, брз, безбеден и непречен хуманитарен пристап до целиот Појас Газа.
Тие наведува дека се уште не се знае кога ќе се гласа за нацрт-резолуцијата, за чие усвојување се потребни најмалку девет гласа и доколку постојаните членки САД, Британија, Кина, Русија или Франција не стават вето.
САД и Израел се противат на прекин на огнот во Газа, верувајќи дека тоа само ќе биде од корист за палестинската милитантна група Хамас, потсетуваат британските медиуми.