ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конференција за борбата против насилството врз жените во политиката: Од предизвик до промени – Стратегии за зголемување на политичкото учество на жените

February 9, 2024 13:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес се одржа конференција посветена на борбата против насилството врз жените во политиката „Решенија за поголемо политичко учество на женитe“, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во соработка со Институт за комуникациски студии (ИКС), а со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Политички партии, граѓански и меѓународни организации дискутираа како да се намали родово-базираното насилство и да се обезбеди учество на жените во политиката.

Главен заклучок од дискусијата е дека политичките партии тешко може да обезбедат репрезентативна демократија, доколку не преземат мерки да ја засилат и охрабрат улогата на жените во политиката.

Според податоците на Форум за разумни политики, во партиските органи жените се често недоволно застапени. Генерално, локалните ограноци на партиите ги водат мажи, што потоа најчесто се отсликува и во родовата структура на другите органи и кандидати.

Факторите кои влијаат на нееднакво родово учество во политиката се бројни, од бариерите во самите партии, до изложеноста на жените во политичкиот дискурс. Еден пример за негативната атмосфера во медиумскиот простор е ширењето на коментари на новинарските извештаи на социјалните медиуми, кои се плодна почва за развивање на злонамерни и вознемирувачки содржини, е еден од наодите од истражувањата на ИКС.

Почесна гостинка и говорничка на настанот беше – г-а Јасмин Куреши пратеничка во Британскиот парламент која сподели добри практики за зајакнување на учеството на жените во политиката и потенцираше дека жените ни требаат во политиката токму поради тоа што најголемите промени се случуваат токму поради жените кои биле гласни и зазеле позиција во креирањето решенија“.

„Сите ние треба да играме улога во спречувањето и справувањето со говорот на омраза, сексизмот и насилството насочено кон жените во политиката. Обезбедувањето рамноправно учество на жените во Владата и советите и на национално и на локално ниво е од клучно значење за подобрување на репрезентативната природа, отчетноста и квалитетот на демократиите. “ изјави Ендру Бренд, Директор за програми од Британската Амбасада

Директорката на ВФД во Северна Македонија, г-а Дона Костуранова истакна дека без еднаква застапеност на жените во политиката е невозможно да се зачуваат принципите на репрезентативната демократија. Затоа иницираме дебата што партиите можат да преземат да осигураат еднаква родова застапеност на претстојните избори.

На настанот, претставници на политички партии изразија заложби за подобрување на ситуацијата. Беа споделени намери за зголемување на квотите за еднаква застапеност меѓу мажите и жените кандидати, поголема застапеност на жените во извршната власт, поголема застапеност на жени кандидатки за градоначалници. Дел од политичките партии споделија и намери за постигнување на родова рамноправност во самите органи на партиите, како централните и извршните одбори. За да поттикнат и поддржат повеќе жени да бидат дел од политиката, партиите најавија и академии, комисии за рамноправна застапеност, обуки и други активности.

Tags: борба против насилството врз жените во политикатаКонференцијаОд предизвик до промени
Next Post
Прес на ЦИВИЛ за изборниот мониторинг: Десет дена техничка влада, 9 февруари 2023 (фото: Г. Наумовски/ЦИВИЛ)

(Извештај од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ) Десет дена техничка влада: Злоупотреби, дезинформации и националистички наративи

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk