ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промоција на публикацијата за „Горчлив шеќер“ на Ѓорѓе Јовановиќ во МСУ и музички перформанс

February 16, 2024 13:54
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска (16 февруари 2024г.) од 20 часот во МСУ Скопје, како означување на последниот ден од самостојниот мултимедијален проект „Горчлив шеќер“ на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, ќе се одржи промоција на публикацијата и разговор со авторот во друштво на Никола Гелевски и кураторот Владимир Јанчевски.

Ќе стане збор за специфичниот процес на работа и конципирањето на проектот, како и за бројните референци и богатата иконографија, улогата на уметноста денес и нејзината релевантност во нашата современост, прашања кои се присутни во целокупната уметничката работа на Јовановиќ.

По промоцијата ќе следува музичкиот перформанс „Протерани од Рајот“ на Џијан Емин и Георги Шарески, кои ќе настапат во изложбениот простор.

Мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ беше отворен на 19 септември 2023 година во рамки на програмата на МСУ-Скопје, побуди голем интерес кај публиката и забележа одлична посетеност. Куратори на проектот се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.
Јовановиќ преку овој проект ја интегрира неговата претходна творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност. Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност. Преплетувањето на реалното и надреалното и екстремните точки на нивното среќавање се одразува и преку спојувањето на разните жанрови. Во просторната инсталација која ја сочинуваат огромен број слики и објекти, како и анимациите кои ја активираат, Јовановиќ се потруди да создаде повеќедимензионална наративна мрежа низ која бројните протагонисти и различните состојби во коишто се наоѓаат, се трансформираат на едно друго ниво, како тотална слика за хаотичната современост.

Ѓорѓе Јовановиќ (Скопје, 1980) Има реализирано повеќе проекти во чиј фокус се прашањата за интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек. Во неговите дела тој ги преиспитува меѓучовечките односи во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односот човек-општество и конзумеризмот како клучен фактор на модерниот начин на живот, политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата. Присутен е и елементот на авто-референцијалноста, како и преиспитувањето на себеси во потесен и поширок контекст на распадот на старите и создавањето на нови вредности. Работи инсталации, перформанси, објекти, видеа, колажи и слики со цел да постигне трансформација на уметничкиот израз и индивидуална експресија, следејќи ја флуидноста на современиот контекст.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Горчлив шеќерЃорѓе ЈовановиќМСУ
Next Post
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Затворен огласот за доделување ваучери за одмор за работници со ниски приходи

НАЈНОВО

Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за мировниот договор во Газа

October 14, 2025

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

October 14, 2025

Шукова: Старата скопска чаршија мора да биде срцето на современо, зелено и европско Скопје

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk