ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одржан првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година

February 19, 2024 16:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Северна Македонија денеска се одржал првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година, со Акциски план 2023-2026 година.

Како што информираат од владината прес-служба, на настанот освен членовите на Националното координативно тело присутни биле претставници од Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот инспекторат за градежништво, Државната изборна комисија, Бирото за развој на образованието, Фонд за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги, ЗЕЛС и Центарот за управување со кризи, кои имаат обврска за реализација на активности планирани во Стратегијата.

Фокусот на состанокот, како што се наведува во соопштението, бил координацијата на институциите во процесот на имплементацијата на Акцискиот план, преку воспоставување на механизми за соработка, следење и известување за напредокот.  Во тој контекст, на состанок е дискутирано и за дигиталната алатка која е во фаза на изработка од страна на СЕМОС, а со поддршка на партнерите односно Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Дигиталната алатка, посочуваат, ќе ја користат институциите во фазата на имплементација и ќе овозможи ефективно следење на напредокот и реализацијата на Стратегијата.

Од владината прес-служба потсетуваат дека Националната стратегија за правата на лицата со попреченост за периодот 2023-2030, со Акциски план 2023-2026 година е усвоена од страна на  Владата на 26 декември 2023 година. Посочуваат дека таа е мултисекторски стратешки документ, подготвен во широк партиципативен процес, со вклучување на 216 учесници од 31 институција и 27 граѓански организации, меѓу кои и Агенциите на ОН во земјата, и со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Стратегијата содржи одредници за унапредување на правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија, темелејќи се на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Европската Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030, како и Агендата 2030 и целите за одржлив развој. Стратегијата е заснована на принципот на човекови права и основниот принцип „Никој да не биде изоставен“ („Leave No One Behind“) од Агендата 2030.

Носител на Стратегијата е Министерството за труд и социјална политика, а НКТ за имплементација на КПЛП беше активно вклучено во целиот процес- комуникација со донатори, со граѓанските организации, академската заедница, обезбедување присутност на различни чинители при подготовката, а ќе ја има и главната улога во процесот на координација на спроведувањето на активностите.

-Националната стратегија за правата на лицата со попреченост опфаќа девет приоритетни области, одредени врз основа на потребите, а усогласени со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030 на Европската Унија. Во секоја од деветте приоритетни области се утврдени цели, мерки и активности коишто овозможуваат унапредување на правата на лицата со попреченост, независност, еднакви можности, квалитет на живот, како и градење инклузивно општеството. Како приоритетни области се дефинирани: пристапност, еднаквост, пристап до правда и активно учество во јавниот и политичкиот живот, пристап до здравствена заштита, детска, социјална заштита и независно живеење, право на образование, вработување и право на работа, локални инклузивни заедници, јавна свест, култура, спорт и рекреација, информираат од владината прес-служба.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сопругата на Навални вети дека ќе ја продолжи борбата на нејзиниот сопруг, го обвинува Путин за неговата смрт

НАЈНОВО

ВИ

Возрасни со цуцли: Новиот тренд за намалување на стресот во Кина

September 4, 2025
Foto: Wikimedia Commons

НАТО реагираше поради Додик: Секоја закана за сецесија е опасна

September 4, 2025

Кралот Чарлс Трети и неговите необични навики

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk