ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Меѓународна конференција по повод Денот на Националната инфраструктура на просторните податоци

February 21, 2024 13:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот  на Националната инфраструктура на просторните податоци, Скопје од денеска е домаќин на дводневна меѓународна конференција на која експерти и претставници на институции ги презентираат и разговараат за актуелните трендови во областа на инфраструктурата на просторни податоци и европската зелена агенда во нивните земји и на светско ниво.

Претседателот на Советот на НИПП, Фатмир Битиќи ја истакна важноста на просторните податоци за економијата и општеството и укажа на трендовите во Европската унија кон нивно отворање.

-Имајќи во вид дека Националната инфраструктура на просторни податоци овозможува меѓусебно комбинирање на податоците од различни извори и создавање на нови информации, нивната моќ станува уште пого-лема. Овие информации се значајни како за економијата така и за општеството. Тие се клучен фактор за креирање политики, особено во борбата против климатските промени, намалувањето на загаденоста на воздухот во урбаните средини и подобрување на транспортната инфраструктура. Трендот на земјите членки на Европската унија по однос на податоците е насочен кон нивно отворање. На нашата држава како земја кандидат за членка во Европската Унија ѝ претстојат обврски за транспонирање на директивата за отворени податоци во националното законодавство, рече Битиќи.

На конференцијата по повод петтиот Ден на Националната инфраструктура на просторните податоци, од Катастарот порачаа дека од формирањето на НИПП до денес постојано се залагаат за примена на нови технологии, стандарди и услуги, што јасно го покажува и НИПП гео-порталот. Тој, како што информираат во соопштение, овозможува брз, автоматизиран и непречен пристап до просторните податоци, како и нивна интероперабилна размена. Ги интегрира просторните податоци од сите државни институции во едно централизирано место од каде тие се достапни за користење до сите корисници во и надвор од државава.

Агенцијата за катастар на недвижности ги координира НИПП активностите во кои учествуваат државни институции, членки во националната инфраструктура на просторни податоци. На граѓаните, органите на државната управа и јавниот и приватниот сектор им се на располагање податоците објавени на НИПП геопорталот.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев рече дека конференцијата е можност да се сретнат колегите кои посветено работат на развивање на националната инфраструктура на просторни податоци во своите земји и да ги разменат сопствените искуства.

Искуството пак, кое во оваа област го има АКН, се базира на  улогата која ја има како национален координатор. Покрај добрата координација, успехот во НИПП зависи и од податоците објавени на геопорталот и од условите за нивно користење. Отворените податоци ги зголемуваат перформансите и транспарентноста на институциите од јавниот сектор. Тие создаваат значителна вредност за општеството во целина, влијаат на нашиот секојдневен живот и се двигател на економскиот раст, рече Тунџев.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, пак, укажа дека МЖСП е активно вклучено во воспоставувањето на Националната инфраструктура за просторни податоци и оти засилено инвестира во развој на ВЕБ ГИС апликацијата за прибирање, обработка и презентирање на геопросторните податоци од делокругот на работењето на Министерството. Оваа година обезбедиле средства за изработка на ВЕБ базиран информативен систем и интегрирање на геопросторните податоци во гео-дата база согласно INSPIRE директивата.

-Целта и предизвикот на Министерството за животна средина и просторно планирање е да се овозможи побрза и поефикасна обработка на доспеаните барања што се однесуваат за просторна идентификација, издавање на мислења, одобренија, дозволи и и да се олесни јавниот пристапот до податоците поврзани со заштитата и следењето на животната средина, рече Шукова.

Денот на НИПП беше востановен пред пет години од страна на Агенцијата за катастар на недвижности и се одбележува секој 24 февруари.

Tags: БитиќиДен на НИППТунџевШукова
Next Post

Ковачевски: За настап на изборите ќе има разговори и со партии кои не се традиционално дел од нашата коалиција

НАЈНОВО

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

Би-Би-Си ѝ се извини на принцезата Кетрин поради погрешно ословување во преносот за Денот на сеќавањето

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk