ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

February 21, 2024 14:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод денешниот Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, организира „Македонистички час“ на лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот. Освен тоа, и Институтот з македонски јазик денеска го одбележува Денот на мајчиниот јазик со посебна програма во рамки на Институтот.

Меѓународниот семинар при УКИМ има 11 лекторати по македонски јазик, литература и култура во: Турција (Инстанбул), Унгарија (Будимпешта), Полска (Краков и Сосновјец), Руската Федерација (Москва), Хрватска (Риека), Анкара (Р Турција), Романија (Букурешт), Франција (Париз), Кина (Пекинг) како и во Албанија (Тирана).

„Во годината која ректорката на УКИМ Биљана Ангелова ја прогласи за година на македонистиката, се одржуваат бројни кампањи, школи и активности, за да се афирмира македонистиката кај нас и во светот“, наведено е во соопштението од МСМЈЛК.

Кристина Николовска, директорката на Меѓународниот семинар, вели дека јазикот е суштина и највисока претставителност.

„Јазикот убавото лице на нашата култура. Тој живее и се прераѓа преку нас. Мисијата на македонистиката ја развиваме како високообразовна, научна и културна дејност која има меѓународно значење и непроценлива вонвременска вредност“, рече Николовска.

И Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска во амфитеатарот на Институтот го одбележува овој ден. Свои обраќања ќе има директорката проф. д-р Елена Јовановска-Грујовска, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и проф. д-р Борче Арсов. Во рамки на одбележувањето ќе бидат презентирани творби на повеќе јазици, а ќе биде посетена и спомен-собата на Мисирков.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик беше прогласен од УНЕСКО во 1999 година. Идејата да се прослави овој ден беше на иницијатива на Бангладеш. Генералното собрание на Обединетите нации, го поздрави прогласувањето на денот во својата резолуција од 2002 година.

Денеска се зголемува свесноста за тоа дека јазиците играат витална улога во развојот, во обезбедувањето културна разновидност и меѓукултурниот дијалог, но и во зајакнувањето на соработката за поквалитетно образование за сите, како и во градењето инклузивни општества, но и во зачувувањето на културното наследство.

Преземено: Мета.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Институтот за македонски јазиклекторатиМеѓународен ден на мајчин јазикМСМЈЛК

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk