ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Обезбедуваме наводнување за 3.500 хектари нови земјоделски површни од регионот на Велес и Чашка

February 22, 2024 15:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска во рамки на теренските активности во Велес оствари посета на браната Лисиче, уште еден значаен капитален проект во водоснабдувањето на земјоделските површини.

Од МЗШВ информираа дека изградбата на браната Лисиче, пред се, имала цел да го реши проблемот, кој градот Велес и околните населени места го имаа со водоснабдувањето, обезбедувајќи квалитетна вода за пиење на граѓаните. Дополнителна цел на браната Лисиче, уште при нејзиното планирање, како што посочуваат, е да обезбеди наводнување на земјоделските површини од овој регион, како и можност за користење на хидропотенцијалот од браната.

-Градиме модерни системи за наводнување, обезбедувајќи сигурно земјоделство. Денес, конечно после 15 години од пуштањето на овој систем во употреба, се компелтираат сите 3 фази предвидени со основниот проект на браната Лисиче. Покрај обезбедување на квалитетна и чиста вода за пиење на граѓаните од овој систем, преку исградбата на паралелен цевковод, се отвора можноста и за наводнување на земјоделските површини во овој регион, а се создава и можност за искористување на хидропотенцијалот од оваа брана, истакна Николовски.

Хидросистемот Лисиче е еден од четирите системи, кои заедно со системите Пепелиште, Страиште, и Коњско, се дел од Програмата за наводнување на државата, за инвестиции во изградба на цевководи, што ќе обезбедат наводнување за нови 13.500 хектари обработливо земјоделско земјиште. Ова е историски договор вреден 120 милиони евра, најголем договор и по површина и по вредност.

-Започнати се веќе активностите за проектирање и изградба на системот за наводнување од браната Лисиче. Потпишан е договорот со фирмата консултат, а веќе е изработена физибилити студијата, како и процентката на еколошкото и социјално влијание, докажувајќи ја изводливоста и одржливоста на инвестицијата.  Новиот систем за наводнување од хидросистем Лисиче опфаќа 3.500 хектари земјоделски површини. Значајна капитална инвестиција, која е уште еден доказ за нашата посветеност како министерство да обезбедиме одржлив развој на домашно земјоделство, нагласи министерот Николовски.

Имплементацијата на проектот е од страна на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поддржан од кредитната банка KFW од Сојузна Република Германија. Преку заем од 80 милиони евра и грант од 2.8 милиони евра за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во овие области, односно 70 отсто од вкупната вредност, додека преостанатите 30 проценти се буџетски средства.

Реализиацијата на проектите предвидени во Програмата за наводнување овозможува изградба на модерни и ефикасни системи за наводнување, директно помагајќи им на земјоделците.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Љупчо Николовскинаводнување
Next Post

Главната воена адвокатка на Израел предупреди на неприфатливо однесување на војниците во Газа

НАЈНОВО

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

ПМГ Рекордингс Фестивал 14 – тридневен музички настан во МНТ и Јавна соба

October 15, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп му се закани на Бостон: Ќе го повикам Инфантино од ФИФА да не се одржува СП 2026 во тој град

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за директорот со кокаин вели имал момент на слабост и било негова приватна работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk