ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со преработка на „We are the world“ најмладите охриѓани ги поддржаа лицата со ретки болести

February 22, 2024 12:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Фото: Здружение „Ретко е да си редок“

Фото: Здружение „Ретко е да си редок“

Share on FacebookShare on Twitter

Со преработка на хитот „We are the world“ (Ние сме светот), децата од градинките и основните училиште во општина Охрид ја продолжија традицијата за поддршка на лицата со ретки болести во февруари, месецот посветен токму на нив.

– Со оваа изведба, децата – изведувачи испраќаат силна порака дека секој од нас треба да направи напори во рамките на своите можности и да понуди опција за поквалитетен живот на лицата со ретки болести, на нивните семејства и да се создаде опкружување во кое луѓето ќе имаат целосно разбирање за предизвиците со кои овие лица постојано се справуваат, соопшти Здружението за ретки болести од Охрид.

Според нив, децата се светлата страна на светот и иднината во која постојано треба да се инвестира најмногу труд и време сè со цел напредок на целокупното човештво и човечка заедница, како што кажува и самиот текстот на хитот.

Фото: Здружение „Ретко е да си редок“

– Со многу обоени раце, љубов, насмевки и со прекрасно испеани стихови, чистите детски души уште еднаш покажаа хуманост и поддршка и по кој знае кој пат докажаа дека сите сме исти, велат од Здружението.

Претседателката на здружение „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска смета дека со текстот од песната децата ги повикуваат возрасните да им се даде шанса на сите деца да имаат иднина, што за лицата со ретки болести значи вложување во медицински истражувања и понуда на соодветна терапија која ќе им овозможи на лицата со ретки болести поквалитетен живот и живот без значителни здравствени потешкотии.

– Како што порачуваат децата, доколку возрасните (институциите) се грижат за децата и децата ќе се грижат да создадат похуман свет во кој ќе стареат возрасните и секако свет во кој секој би имал шанса за многу поубав и поквалитетен живот. Во песничката се вели „тука сме само јас и ти“ и одговорност на возрасните, односно институциите и креаторите на политики е да создадат поубава иднина на децата, а децата имаат право да го побараат тоа од нив, без да бегаат од одговорност или да ги оставаат работите за некое ново и поубаво „утре“, вели Лолеска.

Продуцентот и композитор Јовица Каралиевски посочи дека на идеја на Лолеска, со „К-2 Ѕвездички“, направиле кавер верзија на легендарната „We are the world” со која ќе пренесат една силна порака за поддршка на ретките.

Во кампањата за подигнување на свеста за ретките болести годинава, по шести пат се вклучува детскиот хор при КУД „Ѓердан од бисери“.

– Нашата поддршка е постојана, детската песна допира длабоко во нашите срца, и секоја година нестрпливо чекаме да ги обоиме рацете и да покажеме хуманост, благородност, искрени детски насмевки и порака дека сите сме исти, дури и кога мислиме дека не сме, изјава Татјана Узуноска Тренеска, уметнички раководител на КУД „Ѓердан од бисери“.

За изгледот на спотот се потруди продукцијата Digital Box и Борче Димоски, според кој секој збор за поддршка на децата е малку.

– Јас само успеав да го извлечам најдоброто од сето тоа што го покажаа на сцена и да го изработам спотот. Всушност децата и нивната енергија ми беа најголема инспирација која постојано ме движи напред кон создавање на еден поубав свет, истакна Димоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: скриншот

 Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот „Трезор“

НАЈНОВО

Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

October 9, 2025

МФ: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

October 9, 2025
Стевчо Јакимовски

Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на карпошани

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk