Со СДСМ просечната плата достигна рекордни 40.000 денари и ова е исторски највиско ниво на покачување плати во нашата држава. За разлика од времето на ДПМНЕ, кога просчната плата беше 22.000 денари или едвај 360 евра, денес платата е 650 евра, што е зголемување од 290 евра за само неколку години, стои во партиското сооштение.
Освен просечната плата, следи зголемување на минимална плата од над 22.500 денари, по усогласување на Законот за минимална плата и тоа од идниот месец.
СДСМ ја зголеми минималната плата за 6 години, 4 пати, а во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 8.050 денари.
СДСМ со своите политки ги донесе платите до историски највисоко ниво и тука не застануваме.
Платите на граѓаните ќе продолжат да растат. Овие подобрувања се резултат на правилните политики на СДСМ, која работи во интерес на граѓаните, велат од партијата.