ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со одлука на Владата се забрзува процедурата за добивање пасоши за професионалните превозници

Превозниците кои вршат патнички товарен транспорт и од Министерството за транспорт и врски имаат сертификат за професионален возач може да извадат патна исправа приоритетно и по редовна цена. Владата на седница попладнево ја усвои информацијата на Министерството која, всушност, е иницијатива на здруженијата на транспортери кои на средба со министерот Благој Бочварски во петокот во Штип побараа да се забрза процесот за добивање пасоши за нивните членови.

February 27, 2024 18:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Превозниците кои вршат патнички товарен транспорт и од Министерството за транспорт и врски имаат сертификат за професионален возач може да извадат патна исправа приоритетно и по редовна цена. Владата на седница попладнево ја усвои информацијата на Министерството која, всушност, е иницијатива на здруженијата на транспортери кои на средба со министерот Благој Бочварски во петокот во Штип побараа да се забрза процесот за добивање пасоши за нивните членови.

Превозниците кои вршат патнички товарен транспорт и од Министерството за транспорт и врски имаат сертификат за професионален возач може да извадат патна исправа приоритетно и по редовна цена.

Министерот Бочварски во изјава за МИА соопшти дека Владата на седница го задолжила Министерството за внатрешни работи кое веќе утре од Министерството за транспорт и врски ќе го добие списокот на возачи со сертификат кои немаат патна исправа. Здруженијата на транспортери, рече Бочварски, до нив доставиле список со 120 возачи – дел од нив веќе се во постапка за издавање пасош, а дел треба да ја почнат постапката.

-Изнаоѓаме решение како Влада за издавање патни исправи по брза лента со цел да излеземе во пресрет на оваа многу значајна дејност за државата, имајќи предвид дека околу 90 проценти од транспортот на товар во државата се врши по патниот сообраќај. Од транспортниот сектор многу зависи домашната економија и затоа сакаме да овозможиме транспортот да не трпи поради состојбата што во моментов ја имаме со патните исправи. Денеска го отворивме прашањето на Влада, по барањето на здруженијата на транспортери, разговаравме и Владата ја усвои таа информација и МВР се задолжи да ги забрза процедурите за професионалните возачи. Очекувам за десетина дена да биде завршена процедурата од започнување до издавање на патната исправа на возачите, изјави Бочварски и нагласи дека цената ќе биде за редовна постапка за возачите да не бидат оптоварени финансиски да плаќаат за итна постапка.

Посочи дека Министерството за транспорт и врски ќе биде во контакт со здруженијата на превозници доколку има потреба да се дополни списокот и ќе се координира со Министерството за внатрешни работи.

Во земјава има околу 16 000 возачи  со сертификат за професионален возач издаден од Министерството за транспорт и врски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Владата го утврди и усвои текстот на Националната развојна стратегија 2024- 2044

НАЈНОВО

ЦИВИЛ како дел од јавен настан вечерва во Рим ќе ја промовира книгата „Одбрана на демократијата и човековите права“

October 2, 2025
Скриншот

Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

October 2, 2025

Вакцинацијата против сезонски грип почнува од втората половина на октомври, набавени 80.000 бесплатни вакцини

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Холивуд со жестоки реакции за „актерката“ создадена со вештачка интелигенција Тили Норвуд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандалозна изјава на Орбан: Украина „не е суверена држава“ и членството во ЕУ би ја вовлекло Унијата во војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ацевски: Загадувањето во Ѓорче не може да се реши со изградба на хемиски фабрики во центарот на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk