ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата го утврди и усвои текстот на Националната развојна стратегија 2024- 2044

Националната развојна стратегија е најголемиот стратешкиот документ во којшто се дефинирани главните цели и мерки за развојот на Република Северна Македонија за следните 20 години, а се однесува на правилна имплементација на предвидените мерки коишто имаат голем ефект на многу процеси во државата, како и подигнувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

February 27, 2024 19:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница го прифати текстот на Националната развојна стратегија 2024- 2044 година, чијшто предлагач е канцеларијата на премиерот. Одлучено е текстот за Националната развојна стратегија 2024- 2044 година да се достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија, како следен чекор кон имплементација на Стратегијата, соопшти владината прес-служба.

Националната развојна стратегија е најголемиот стратешкиот документ во којшто се дефинирани главните цели и мерки за развојот на Република Северна Македонија за следните 20 години, а се однесува на правилна имплементација на предвидените мерки коишто имаат голем ефект на многу процеси во државата, како и подигнувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

Во овој значаен документ се дефинираат главните национални развојни цели, стратешки области и приоритети за забрзан, инклузивен, рамномерен, родово еднаков и одржлив развој на Република Северна Македонија, особено имајќи го предвид стремежот на Република Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ) до 2030 година и заложбата за одржлив развој преточена во Агендата 2030.

Во стратегијата се дефинирани шест стратешки приоритети и тоа:

1.    Економија базирана на знаење, иновации и на дигитализација, односно високоинтегрирана економија во меѓународната трговија и во меѓународните финансии и работна сила што ги задоволува сегашните и идните потреби на пазарот на труд;

2.    Одржлив локален и регионален развој, што обезбедува кохезија;

3.    Демографска ревитализација и социјален и културен развој;

4.    Владеење на правото и добро управување;

5.    Сигурно, безбедно и отпорно општество и

6.    Зелена трансформација.

При тоа, развојот на човечкиот капитал и дигитализацијата на општеството се централни елементи и се основен предуслов за напредок во секоја стратешка област.

За важноста на процесот, со којшто се поставени темелите за имплементација на Националната развојна стратегија е посочено на тригодишната подготовка на Стратегијата, со вклучување на околу 14.000 граѓани, повеќе од 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50-мина пратеници од власта и опозицијата, претставници на стопанските комори, граѓански организации, над 500 претставници од маргинализирани и ранливи групи, како и повеќе од 1.000 млади и членови на младински организации.

Процесот на креирањето на Националната развојна стратегија е реализиран од Владата на Република Северна Македонија во партнерство со Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите нации и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, а е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје и од Министерството за финансии на Република Словачка, се наведува во соопштените од владината прес-служба.

Next Post

Собрани 10.000 потписи за кандидатурата за претседател на Арбен Таравари

НАЈНОВО

Скриншот

Синер по трофејот во Торино: За мене, нема подобар начин да се заврши сезоната

November 17, 2025
Скриншот

Макрон: Се надевам дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027

November 17, 2025
ВИ

Советот на ЕУ го заостри Механизмот за суспензија на безвизниот режим: Полесно и побрзо укинување на визи за трети земји

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk