ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието ќе ја одржи 145. седница: избор на член на ДИК, продолжување на важноста на пасошите, законот за игри на среќа…

February 28, 2024 09:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска треба да ја започне 145. седница на која на дневен ред, меѓу другите, се Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во трето читање, и избор на член на Државната изборна комисија.

На седницата се очекува Абдуш Демири да биде избран за член на највисокото изборно тело во земјата. За тој да биде избран потребна е поддршка од повеќе од 80 пратеници. Партиски избори за МИА во понеделникот информираа дека се очекува за Демири да не гласаат пратениците од ДУИ и од крилото на Зијадин Села од Алијанса на Аланците, додека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалиции и албанската опозиција ќе го поддржат.

Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трето читање е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас.

На предложениот дневен ред на 145. седница се и измение на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, по итна постапка, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, како и Предлог на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, предлози на пратениците на СДСМ кои се однесуваат на функционерските плати.

На 145. пленарна седница на дневен ред се и Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово, Предлог на закон за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на закон за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење и Дополнет предлог на закон за вработените во Министерството за одбрана, сите во второ читање.

На дневен ред на седницата има и закони по скратена постапка и тоа Предлог на закон за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Предлог на закон за изменување на Законот за спорт.

Предлогот на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Исто така по скратена постапка на дневен ред се измените на Законот за платите на судиите, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, Предлог на закон за изменување на законот за фитофармација и Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за државното правобранителство.

Во прво читање се Предлог на закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: законот за игри на среќапасошиСобраниечлен на ДИК
Next Post

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината, епицентарот во Албанија

НАЈНОВО

Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“

September 8, 2025

Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

September 8, 2025

Автобусите на ЈСП денеска сообраќаат по неделен возен ред поради Денот на независноста

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На 7 септември во Струмица ќе се одржи четвртиот Get EXITed!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk