Францускиот Сенат денеска донесе закон врз основа на кој правото на жената на абортус ќе стане дел од францускиот Устав.
Ова го вети претседателот Емануел Макрон, откако Врховниот суд на САД минатата година престана да го штити абортусот како федерално уставно право на жените и ја препушти регулативата на земјите-членки на федерацијата.
На усвојувањето во Сенатот, горниот дом на францускиот парламент, му претходеше усвојувањето во Долниот дом, Националното собрание, кое го прифати законот со огромно мнозинство.
Следниот чекор е усвојување на заедничка седница на двата дома на Парламентот, каде се очекува законот да помине со потребното трипеттинско мнозинство.
Владата на Макрон сака да се измени членот 34 од францускиот Устав да гласи: „Законот ќе ги определи условите под кои се изразува правото на жената да абортира, што е загарантирано“.