Партијата Левица во објава на Фејсбук соопшти дека професорката Билјана Ванковска ги собрала потребните 10.000 потписи од граѓаните за нејзината кандидатура за претседател на државата.
Претходно вечерва и кандидатот и претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски, во објава на Фејсбук, соопшти дека ги собрал потребните 10.000 потписи за кандидатурата за шеф на државата.
Потписи за кандидатурите собраа и Бујар Османи кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбен Таравари кандидатот на албанската опозиција „Вреди“ и Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ-За наша Македонија.
И кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и на СДСМ Стево Пендаровски, ќе собираат потписи за нивните номинации кои викендов треба да бидат официјализирани од партиите.
Пендаровски вечерва како што известија од ДИК достави иницијатива за собирање потписи за кандидатура за Претседател.
Иницијатива за собирање потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, денеска е доставена до Државната изборна комисија (ДИК) од страна на актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Потписите, како што објави ДИК, ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.
Ј. Ѓ.
Поврзано: