Триесетгодишнина од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија ќе биде одбележана вечер (18.00) со свеченост во Археолошкиот музеј во Скопје.
Најавени се обраќања на амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и државниот секретар од Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по што директорката на музејот, Славица Бабамова, ќе ја отвори изложбата на јапонски кукли „НИНГЈО“ поддржана од Јапонската фондација.