ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нетанјаху: Ќе најдам начин да ги натерам ултраортодоксните Евреи да служат во Армијата

March 1, 2024 10:02
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата влада ќе најде начин да го отстрани ослободувањето на ултраортодоксните Евреи од задолжителна воена служба. Премиерот ја даде изјавата во услови на политичка тензија околу ова прашање, загрозувајќи ја иднината на владејачката коалиција, објавија британските медиуми.

-Ќе поставиме цели за воведување на задолжителна воена и државна служба и за ултраортодоксните луѓе и ќе идентификуваме начини за исполнување на овие цели, рече Нетанјаху на прес-конференција.

Во 2018 година, израелскиот Врховен суд го отфрли законот кој им дозволуваше на ултраортодоксните мажи да не се приклучуваат на војската. Во причините за одлуката беше посочено дека товарот на задолжителниот воен рок треба да биде подеднакво распределен на целото израелско општество.

Сепак, парламентот допрва треба да усвои нови правила за да го реши прашањето според одлуката на Врховниот суд, а дозволата на владата привремено да продолжи со исклучувањето на оваа категорија израелски граѓани од воена служба истекува овој месец.

Претходно министерот за одбрана Јоав Галант изјави дека нема да дозволи сегашниот привилегиран статус на ултраортодоксните Евреи во врска со нивното учество во војската да продолжи во иднина.

-Ги цениме и ги поддржуваме оние кои ги посветуваат своите животи на проучување на светите еврејски списи, но без да се гарантира физичкото постоење, не е можно да се гарантира духовното, рече Галант во средата.

Ослободувањата од воен рок за ултраортодоксните Евреи одамна предизвикуваат јавна тензија меѓу нив и секуларните граѓани кои беа погодени од мобилизацијата за војната во Газа.

Ултраортодоксните Евреи сочинуваат околу 13 проценти од населението на Израел, а до 2035 година нивниот удел се очекува да се зголеми на 19 посто поради нивниот висок наталитет.

Next Post

Извештајот од Фридом хаус и колку чини слободата?

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk