Поранешниот амбасадор во Бугарија и поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев во поткастот „Политиканти“ рече дека Лазо Колишевски е најголем Македонц за него.
„Лазо Колишевски е најголемиот Македонец за мене. Човек што ги избркал Србите од Македонија и им го одзел целиот имот. Тој е погрешно интерпретиран во македонската историја“ вели Ѓорчев.
Само неколку дена пред гостувањето на Ѓорчев во „Политиканти“, лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски присуствуваше на промоција на книга за Колишевски, кој во вмровските кругови е познат како „најголем крвник на ВМРО“.