Градоначалникот на Карпош и кандидат за претседател на државата, Стевчо Јакимовски, во поткаст на Инфомакс (на 22.02.2024) изнесе лага дека лидерот на „Партија за Општествен и Економски Напредок – ПОЕН“, Рубин Земон, му дал поддршка за неговата кандидатура.
Земон во изјава за ЦИВИЛ Медиа демантира дека му дал поддршка на Јакимовски.
„Како претседател на „ПОЕН“, досега не дадов поддршка на ниту еден кандидат што собира потписи за кандидат за претседател. Во наредниот период органите на ПОЕН ќе одлучат дали и на кого ќе се даде поддршка за претседател на Републиката, врз основа на компатибилноста на програмата на кандидатите со целите и политичката платформа на ПОЕН, вели Земон.
Пријавени се 11 кандидати за претседател на државата, а рокот за собирање на 10.000 потписи трае до 8 март.
Претседателските избори треба да се одржат на 24 април, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори.