ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Крива Паланка како Град на културата ја промовира автентичната македонска култура во регионот

March 6, 2024 15:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со 3 милиони денари ја поддржуваме Општина Крива Паланка, која ги става во функција сите свои инфраструктурни и човечки капацитети за реализација на манифестацијата Град на културата за 2024 година“,  рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција по повод започнувањето на оваа манифестација.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека Министерството за култура продолжува со поддршка на проектите преку кои културата се става во функција на општествен развој и нејзино промовирање на локално ниво и додаде: „Преку финансиската поддршка на овие проекти, како и поддршката во рамките на Годишната програма, но и со средствата вложени преку Програмата за капитални дотации за општините, за што Крива Паланка доби 800 илјади денари за проектно-техничка документација за реконструкција и адаптација на зградата на НУ Центар за култура, се создаваат услови за системски и континуиран развој на културата во овој град, како и во регионот“.

Министерката за култура  изрази уверување дека целата програма ќе му даде нов пулс на градот, а жителите, како и гостите, секојдневно ќе придонесуваат Крива Паланка оваа година да живее во поинаков ритам.

„Очекувам многубројните настани, покрај промоција на културата, да придонесат за поголема посетеност на градот, афирмација на културното и природното богатство на овој регион,  убавините на Осогово, на уникатниот Осоговски манастир, на вредните локалитети, со што создаваме модел на самоодржливост во културата и поддршка на туризмот. Сево ова заедно секако ќе придонесе за економски придобивки на Крива Паланка“, рече министерката за култура.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, рече дека е огромна честа што Крива Паланка е Град на културата за 2024 година, во чии рамки Општината, во соработка со Центарот за култура и со Градскиот музеј,  креира програма преку која се негуваат традиционалните вредности, се промовира културно-историското богатство на Крива Палнака, се поддржуваат постојните и се иницираат нови манифестации.

„Тимовите за реализација на програмата веќе интензивно работат и се надевам дека со својата посветеност ќе бидеме на висина на задачата Крива Паланка да светне под рефлекторите, претворајќи се во една огромна културна сцена со настани каде што ќе бидат вперени очите на целата македонска јавност и на јавноста од регионот“, рече градоначалникот Митовски.

Програмата за манифестацијата ја претстави директорот на Градскиот музеј, Драган Величковски, кој ги презентираше содржините од главната и од придружната програма, како и локалните институции од културата и капацитетите на Општината што ја реализираат манифестацијата. Заедно со Министерството за култура, креирана е програма со над 50 различни настани за сите генерации и сите уметнички вкусови.

На прес-конференцијата говореа и претставниците на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“, Јордан Михајловски, и на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, Гоце Ристовски, кои се навратија кон значењето и историјатот на манифестациите кои прераснаа во меѓународно признаени и релевантни настани со значење за целиот регион.

Публиката до крајот на годината ќе може да проследи концерти, театарски претстави, книжевни настани, фолклор, традиција, филмска уметност, програма за најмладите, гастрономски специјалитети од регионот, едноставно култура достапна за сите.

Програмата започнува на 16 март со манифестацијата на маски и ритуално палење оган „Сусурига 2024“, по што на 23 март е концертот на Каролина Гочева, „Македонско девојче“, а следниот ден е традиционалната етнолошка манифестација „Невестинско поклонение“.

Next Post

Министерството за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за голема кашлица, ДСЗИ ќе врши контроли

НАЈНОВО

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk