ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Десетици загинати во израелските напади врз Газа пред Рамазан

March 10, 2024 20:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Израелската армија продолжи да го бомбардира Појасот Газа денеска и десетици луѓе беа убиени пред муслиманскиот пост Рамазан и во услови на меѓународни напори за испраќање хуманитарна помош до опколеното цивилно население во ризик од глад.

Како дел од најавата на ЕУ за хуманитарен поморски коридор, првиот брод треба да исплови од Кипар за да пренесе помош на територијата уништена од повеќе од пет месеци војна меѓу Израел и палестинскиот исламистички Хамас.

Пред Рамазан, кој започнува во понеделник или вторник, нема знаци за договор за прекин на огнот во војната, за која Хамас вели дека убила повеќе од 31 илјада луѓе, главно цивили, во израелската воена офанзива.

Израел ја започна офанзивата како одмазда за невидените крвави напади на палестинските екстремисти, предводени од Хамас, врз јужен Израел на 7 октомври. Во тие напади загинаа најмалку 1.160 луѓе, повеќето цивили, а повеќе од 250 заложници беа киднапирани и однесени во Газа, од кои 130 се уште се држат во притвор.

Синоќа, според властите на Хамас, биле извршени над 60 напади и погодени куќи во централниот и јужниот дел на Газа, најмногу во градот Кан Јунис.

Најмалку 13 лица загинаа кога граната падна врз шаторите на раселените луѓе во регионот Ал-Маваси меѓу Кан Јунис и Рафа, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Изминатата ноќ загинаа вкупно 85 Палестинци.

Израелската армија, чии војници дејствуваат на голем дел од палестинската територија, објави дека во последните 24 часа во центарот на Газа и Кан Јунис биле убиени околу 30 палестински борци.

Според податоците на ОН, гладот ​​е закана за 2,2 милиони од 2,4 милиони жители, а 1,7 милиони се раселени.

Министерството за здравство на Хамас соопшти дека 25 лица, главно деца, починале од глад.

Во изминатите неколку дена, неколку западни и арапски земји доставија пакети со храна и медицинска опрема во Газа.

Во петокот ЕУ и САД објавија дека подготвуваат поморски хуманитарен коридор од Кипар, кој е на околу 370 километри од Газа.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази надеж дека денеска ќе исплови првиот брод со 200 тони храна обезбедена од невладини организации.

ОН, кои предупредуваат дека широко распространето гладување е речиси неизбежно во Газа, потврдија дека фрлањето пакети со помош од воздух и нивното испраќање по море не може да ја замени испораката на копно.

Извор: МИА

Tags: Газаизраел
Next Post
Фото: Х

Голем пожар во близина на аеродромот во Санкт Петербург

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk