ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Врховен утре јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања

March 12, 2024 15:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Врховниот суд на Република Северна Македонија утре со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска.

Како што информираат од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот суд на Република Северна Македонија, оформен е предметот по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор.

– Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година, со почеток во 12:00 часот во судницата на 1-ви кат во Врховниот суд на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Врховен.

Жалбата до Врховен суд следува по одлуката на Апелациониот суд Скопје кој го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Апелација, жалбата е неоснована.

Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител Судот денеска беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.

На Димовски му се определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Вања ЃорчевскаВрховен суджалбапритвор
Next Post

Апелација ја прифати жалбата на Мијалков, Кривичен повторно ќе одлучува за неговото барање за условен отпуст

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk