ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Ендемичен вид медузи од Црвеното море регистрирани на грчкиот остров Родос

March 13, 2024 12:41
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Четири единки од медузата од видот Rhopilema nomadica, ендемичен во Црвеното Море, позната како номадска медуза, биле откриени на грчкиот остров Родос, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Хидробиолошката станица од Родос информираа дека нивните вработени, четирите единки вчера и денеска, ги откриле во залив на островот, а во Медитеранот овој вид медуза првпат бил регистриран во 1970 година.

-Rhopilema nomadica, позната и како номадска медуза, има хемисферична форма, проѕирна – синкава боја, а дијаметарот може да достигне до еден метар. На долната површина на телото има осум пипала со филаментозни цисти, односно мали убодни пипала со отров, кои доколку дојдат во допир со кожата предизвикуваат силна болка, чувство на печење, чешање и иритација на пределот, соопштија од Хидробиолошката станица.

Додаваат дека појавата на зголемен број медузи е минлива, која обично трае од неколку часа до неколку дена и зависи главно од морските струи, но и дека влијание имаат и климатските промени односно зголемувањето на температурата на планетата, а со тоа и на морето, со што се создаваат поволни услови за медузите.

Како пример споменуваат дека во претходните години температурата на морето на брегот на Родос во периодот февруари-март вообичаено била 16 степени целзиусови, а годинава за истиот период температурата е речиси 19 степени.

Паралелно ги информираат граѓаните да избегнуваат контакт со медуза со голи раце дури и да е на плажа, а во случај на контакт со кожата треба да следат конкретни чекори.

Да се отстранат остатоците од медузата со помош на пластична картица, пинцета, дрво или дури и пластична лопатка од детските играчки, местото на контакт со медузата да се исплакне со морска вода или оцет, а не со обична вода, а делот да не се покрива со завој.

Tags: медузиостров РодосЦрвеното море
Next Post

Битиќи: Дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени, системско решение со закон

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk