– Институтот за македонски јазик, Институтот за македонска литература, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор, Институтот за старословенска култура и Хидробиолошкиот завод од Охрид, се јавни научни институти од стратешко значење за нашата држава, објави на Фејсбук пратеничката Санела Шкријељ.
„Заборавени цела деценија, во 2019 година овозможивме покачување на платите на вработените во јавните научни установи за 25 отсто и исплата на минат труд; во 2021 ги вративме финансирањата на научно-истражувачките проекти. По повеќе од две децении, се овозможија 17 вработувања на Институтот за македонски јазик.
Со почит кон нивната дејност од висок стратешки и национален интерес за Македонија, поднесовме предлог измени со кои законски се уредува платата и коефициентот за исплата на плата на вработените во институтите. Ова значи и зголемување на платите во јавните научни институти оваа година, но и наредната година.
Грижа за јазикот, историјата и наследството со дела!“, истакна во објавата Шкријељ.