На социјалните мрежи и во дел од медиумите се прошири „вест“ дека „ДУИ во програмата планира 4 часа работно време во петок“.
Порталот Шило магазин на 25 февруари 2024 објави дезинформација дека партијата ДУИ во својата програма за изборите ќе предложи петоците да се работат со скратено работно време.
Всушност оваа вест е стара и објавена пред 4 години (10 јануари 2020), односно на претходните парламентарни избори.
Ваквите манипулативни објави со цел да се добие некој политички поен, предизвикуваат говор на омраза, етничка и верска нетрпеливост.
ЦМТ / Цивил Медиа