ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За „научниот национализам“ на Силјановска

Таа е класичен идеолог на популистичката десница. Устата ѝ е полна со некаква одбрана на Уставот и ослободување на уставобранителите кои го нападнаа Собранието на 27 април. Силјановска-Давкова ја потхранува ниската самодовереба на етничките Македонци

March 17, 2024 23:56
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пишува: ЃОРЃИ СПАСОВ

Четничкиот војвода Воислав Шешељ е доказ дека докторската титула и универзитетското професорско звање не се гаранција за водење умни политики во општеството.

Напротив, многу често такви личности, заштитени со титулите за „непрокосновена умност“  можат да му направат многу поголеми штети на народот од оние кои оголениот национализам не знаат да го завиткаат во умни фрази и логички објаснувања.

Ние во Македонија тоа искуство го преживеавме со Ѓорге Иванов, кој два пати беше избиран за претседател на државата, и кому никој не му оспоруваше дека бил добар професор по политичките теории. Но за време на својот мандат како претседател на државата тој стана идеолог на антиквизацијата спроведувана од Никола Груевски, бранител на „гордоста на македонскиот народ кој не смее да прави компромиси во врска со корените на својата национална посебност“ што доведе до запирање на интегративните процеси на земјата и со својата заштита на политичкото насилство доведе до Шарената револуција.

Оттука, кога се бира претседател на државата треба многу јасно да му стане јасно на секој граѓанин, пред да го стави ливчето во изборната кутија, што може реално да очекува од политиките што тој, според сопствените ветувања, ќе ги води.

А од сѐ што кажува и изјавува кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, госпоѓата Гордана Силјановска-Давкова уште сега е јасно дека со нејзиниот евентуален избор, Македонија ќе го добие својот Ѓорге Иванов на квадрат или нашиот Воислав Шешељ во здолниште.

Нејзина омилена тема е „одбраната на Уставот“ и владење на правото. Слично на професорот по уставно право во Србија, Воислав Коштуница, кој по смената на Слободан Милошевиќ ја доби на тацна функцијата претседател на Србија, и од таа позииција со својот „легалистички национализам“ ги поништи резултатите постигнати од демократската влада на Зоран Ѓинѓиќ, така и г-ѓа Силјановска-Давкова сите свои „добри“ намери ги им сокриено зад фразите „почитување на Уставот и владеење на правото“.

Откако ја загуби претседателската трка во 2019 година и беше избрана за пратеник на македонската десница во 2020 година, таа сето свое знаење и умеење го стави на располагање на партијата која ја водеше кампањата за бојкот на пописот, која се противеше на Договорот за добросоедство со Бугарија, правеше сѐ да не успее референдумот за да не се прифати Преспанскиот договор, учествуваше и учествува активно против внесувањето на Бугарите во Уставот со што се блокираат разговорите за членство на Македонија со ЕУ и ветуваше и ветува дека ќе ги амнестира осудените за извршеното насилство во Собранието на 27 март 2017 година со кое беше направен обид за спречување на мирната промена на власта.

За разлика од Билјана Ванковска и Димитар Апасиев, кои отворено и јасно велат дека да имаат власт тие би барале Македонија да излезе од НАТО и не би инсистирале на членство во ЕУ, Силјановска-Давкова го прави тоа истото само на многу прикриен, па дури и перфиден начин.

Таа, како и партијата што ја поддржува, наводно немаат ништо против земјата да станела  членка на НАТО, ама тоа не смеело да се случи на начинот на којшто стана.

Не смеело да се прифати промената на името на земјата со Преспанскиот договор, референдумското прашање било манипулативно, референдумот не бил успешен, а промената на Уставот била направена на нелегален начин.

Сето ова, според оваа „уставобранителка“ им дава право на граѓаните, а веројатно и на идниот претеседател на државата, да бараат поништување на нелегалната промена на Уставот со која е прифатено името Република Северна Македонија и откажување на Македонија од договорот со Грција и, наводно, дека земјата ќе останела во НАТО, бидејќи „никој заради тоа нема да се осмелел да ја исклучи од членството во тој воен сојуз“.

Иста е нејзината приказна во врска со Договорот со Бугарија и француската рамка за преговори и членство во ЕУ. Таа е предводник на хорот кој тврди дека Договорт со Бугарија е штетен и треба да се промени, односно не треба да се почитува од наша страна, дека францускиот предлог не е Европски туку шовинистичко бугарски, и затоа не треба да се внесат Бугарите во Уставот и да продолжат преговорите, туку треба да се бара нова рамка за започнување на преговорите со ЕУ.

Сите приказни на македонските националисти за тоа дека со евентуална промена на Уставот ќе започне насилна бугаризација, ќе се соочиме со нови вета од Бугарија на патот кон членство на ЕУ и деке ќе биде загрозен македонскиот национален идентитет, таа ги пакува во фразите за некаква „одбрана на Уставот“, затоа што неговата промена не била договорна со широка согласност на сите политички партии во земјата, со раскажувањето приказни дека способни личности како неа, Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски, ќе испреговараат подобра рамка за членство во ЕУ, и дека воопшто не битно колку и во какви околности ќе чекаме зе членство во ЕУ, кога имаме многу други незавршени работи кои тие имаат намера да ги завршат.

Сета нејзина приказна е еднаква на „не умри коњу до зелена трева“. Таа не му помага на ВМРО-ДПМНЕ да најде одговори на прашањето кога и како, туку ги снабдува само со „умни“ и „на уставот втемелени  изговори“  за неприфаќање, за одложување, и по потреба за излегување од  НАТО и од ЕУ.

Таа е класичен идеолог на популистичката десница. Устата и е полна со некаква одбрана на Уставот и ослободување на уставобранителите кои не дозволуваа Албанец да стане претседател на Собранието. Говори за некакви права на Македониците кои таа ќе им ги обезбеди, за гордоста на македонската нација, која претходната власт ја довела во прашање, за политика со која Македонија прво ќе станела правна држава без криминал и корупција и потоа, со така зајакната позиција ќе разговарала за членство во ЕУ.

Нејзината приказна, е позната во светот како „суверинизам“ виден веќе во кампањата за „Брегзит“, која се водеше под слоганот „Да си ја вратиме контролата назад“, по што Велика Британија излезе од ЕУ, но се гледа и во кампањата на Доналд Трамп која се води под слоганот „Да ја направиме Америка пак голема“. Со нејзината политика на Македонија може да ѝ се случи и ѝ се случува веќе „Макзит“, односно излегување  на Македонија од ЕУ уште пред да стане членка.

И срамно е што на еден примитивен национализам таа како идеолог му дава некаква „научна верификација и оправдување“ само за да се добере до функцијата претседател.

Како што „научниот социјализам“ се докажа дека не е многу научен, така и овој „научен национализам на Силјановска-Давкова“ бргу ќе се покаже дека е само придонес во манипулацијата со масите.

Нејзината подршка на бојкотирачите на пописот заради опасноста од негово фалсификување и вештачко зголемување на бројот на Албанците во земјава, доведе до тоа многу Македонци да останат непопишани заради паролата „Не отворај врата“. Резултат на тоа беше бројот на албанските граѓани да се зголеми во пописните листи и тие со балансерот да добијат поголема застапеност во институциите.

Гордана Силјановска-Давкова прави сѐ за да ја добие функцијата претседател со ширењето страв од Бугарите, од Албанците и од ЕУ. Таа ја потхранува ниската самодовереба на етничките Македонци во нивниот непроменлив етнички идентитет и води кампања на ширење страв од домашниот и надворешниот непријател.

Својата комунистичка идеологија врушност ја има преоблечено во исплатлив национализам.

Тогаш со неа сѐ уште можела да се прибави само концесија за фри-шоп  за членови на своето најтесно семејство, но сега од можната нова функција веројатно може да се влезе и во меѓународен патриотски бизнис.

На Силјановска-Давкова очигледно не ѝ пречи што ниту една политичка партија или граѓанско здружение на Албанците во Македонија не изразува подршка за нејзината програма и кандидатура. Таа мисли дека слободно може да каже дека нејзе гласовите на Албанците во Македонија не ѝ се потребни. Сака да биде претседател на народот, но не и на сите граѓани на Македонија. Затоа ќе предложела укинување на цензусот од 40 отсто за избор на претседател во вториот круг. Таа очигледно сака да биде претседател само на  „избраниот народ“ и мисли дека тоа нема да ѝ пречи во извршувањето на една толку важна државна функција. Тоа само ќе го поттикува албанскиот национализам во Маакедонија.

Оваа нејзина амбиција може да биде оневозможена со масовно излегување на Албанците во вториот изборен круг и гласање за веројатниот ривал Стево Пендаровски, кој во изминатите пет години искрено ги подржуваше евроталанските напори и аспирации на земјава.

Секако дека заради некои свои калкулации Албанците во Македонија можат да одлучат поинаку. Но кога ќе одлучуваат за тоа ќе треба да се сетат на мислата на англискиот филозоф Едмунд Бурк кој рекол:

„Светот е опасно место за живеење не заради злобните луѓе туку поради добрите што ништо не преземаат“.

(Ѓорѓи Спасов е универзитетски професор и поранешен амбасадор)

Извор: Независен

 

Next Post

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk