ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почна обновата на старото училиште во Љубојно што ќе прерасне во центар за промоција на македонскиот јазик

March 18, 2024 12:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Почна реконструкцијата на старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно и негова адаптација во центар за промоција на македонскиот јазик. Планираните активности на училишниот објект каде на 15 ноември 1945 година е одржан првиот час по македонски јазик, според ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска ќе бидат завршени до крајот на следната година.

При денешниот увид на реализацијата на проектот, Костадиновска Стојчевска рече дека во изминатиот период надлежната установа Завод и Музеј Битола со стручните тимови и со сите инволвирани во процесот работеле со многу трпение, посветеност и професионалност во исполнување на бројните неопходни чекори за остварување на визијата за модерен центар за промоција на Љубојно, на Преспа и на македонскиот јазик и идентитет.

-Како генерација го исполнуваме долгот за зачувување и на архитектонското наследство што како вредност го има ова старо училиште во историјата на македонската уметност, како и долгот кон просветителската и општествена улога што училиштето ја има за едукација на македонскиот народ,  Со изградба на центарот за промоција на македонски јазик ја искажуваме нашата почит кон сите учители и ученици кои на ова место се образувале уште од крајот на 19.  и почетокот на 20 век, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Таа потсети дека проектот почна со прогласување на село Љубојно за заштитна споменична целина, по што беа изработувани сите елаборати и проекти за да се добие градежната дозвола и да може да почне градбата.

-Владата, Министерството за култура и НУ Завод и Музеј, со сето срце и одговорност се заложија објектот со имотен лист број 55 да заживее во чест на македонските дејци и на сите просветните работници, како и во чест на сите оние на кои споменот на школските денови во старото училиште се повеќе од спомени. Центарот за македонски јазик ќе биде наш заеднички паметник за кој до крајот на наредната 2025 година со задоволство ќе речеме – амантетот го исполнивме, рече Костадинвска Стојчевска.

Владата на седница во јануари лани донесе одлука старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно да се адаптира во центар за промоција на македонскиот јазик. Објектот има историска вредност бидејќи на 15 ноември 1944 година првпат во Преспа, Љубојно е почната настава на македонски јазик. Постапката за негова реконструкција и ревитализација како центар за промоција на македонскиот јазик е на иницијатива на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Иран протера половина милион Авганистанци во период од 16 дена од неодамнешниот конфликт со Израел, соопшти ОН

July 11, 2025

Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски

July 11, 2025
Скриншот

Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk