ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Слатки и солени“ предизборни ветувања

March 18, 2024 10:24
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter
  • На списокот на портали, кои се пријавиле за да добиваат средства од буџетот е и порталот Солени и слатки десерти!
  • Како што сме виделе во минатите избори, само еден портал или групација на портали ги добивале парите од одредена партија
  • Партиите ги распределуваат народните пари во портали, а на еден портал му следуваат најмногу 15.000 евра од една политичка партија

Пишува: СЕФЕР ТАХИРИ

На народот кој живее на овиe простори никогаш не му недостасувал духот за хумор, но и за иронија и сарказам.

Меѓу народот се раскажува дека некој политичар отишол во едно село и ветувал мост. Арна ама, граѓаните реклe гласно „Немаме река,“ а политичарот возвратил „Ќе ви направиме.“ Злонамерните ја смениле приказната со „Немаме деца,“ а одговорот на политичарот бил ист.

Докажано е дека повеќе се лаже на избори? Се ветува сè и сешто! Се ветува мед и млеко.

Mожеби затоа на списокот на портали, кои се пријавиле за да добиваат средства од буџетот е и порталот Солени и слатки десерти. Еден друг пријавен е порталот Ти реков ми рече!

На еден состанок, кога една колешка ни објави дека се пријавил портал со вакво име, се насмеав, бидејќи ова на пластичен начин ни ги изнесува на виделина парадоксалните легални консензуални „демократски“ решенија за отсликување на партискиот плурализам во медиумите.

„Договорот куќа гради,“ рекол одамна нашиот народ!

За легализација на суптилната изборна медиумска корупција се согласиле сите партии и ваков консензус е редок дури и за стратешките прашања на државата.

Во Античка Грција, граѓаните се собираа во Агора за да дискутираат околу усвојувањето на одлуките, а денес политиката се реализира на масмедиумски начин. Медиумите, а особено телевизиите и порталите, ја имаат моќта да ја дефинираат рамката на она што е важно во политиката. Партиите сфатиле дека без медиумите не можат да ја реализираат нивната зацртана кампања.

Спорен е начинот, кој го одбрале за да се „рекламираат“ (претставуваат) во медиумите.

ДИК пресмета дека поради фактот што се одржуваат паралелно парламентарни и претседателски избори, за платено политичко рекламирање ќе бидат потребни 10,6 милиони евра од државниот буџет. Висока сума за сиромашен буџет!

Како што сме виделе во минатите избори, само еден портал или групација на портали ги добивале парите од одредена политичка партија. Семејни портали добиваа 70 илјади евра од ДУИ, а групација на струшки портали добиле 34 илјади евра од Алијанса на Албанците, чиј лидер, Зиадин Села е од Струга. Народот рекол „Тој што ја плаќа, ја нарачува музиката“! Не се работи само за партиско медиумски клиентелизам, туку и за софистициран коруптивен модел, кој ја загрозува слободата на изразувањето и автономијата на медиумите.

Имаше и „ад хок“ портали кои се основаа токму заради изборното рекламирање. Сега исто се пријавуваат портали, кои допрва треба да почнуваат со работа, портали кои функционираат со различни имиња, но кои имаат еден „политички“ газда, портали кои се пријавуваат со различни домени итн.

Партиите ги распределуваат народните пари во портали, а на еден портал му следуваат најмногу 15.000 евра од една политичка партија.

Овие пари се делат без никакви критериуми. Не се бара ниту адреса, транспарентност на основачите и сопствеништвото, идентитет на уредништвото (импресум) и транспарентност за финансирањето. Не се бара ниту почитување на професионалните стандарди и етичките норми (Кодексот на новинарите), меѓу кои и објавување на текстови потпишани од автор, а доколку се преземени од други медиуми тоа да биде наведено, во согласност со заштитата на авторски права. Ништо од ова!

Се бара да се почитува единствениот критериум: партиската подобност! Ех, моја чудесна Северна Македонија!


Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор. 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Граѓански наспроти зомби патриоти

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук

Почина Панчо од ДНК

October 14, 2025

Костадиновски: Вистинска независност на Уставниот суд бара уставен закон

October 14, 2025

Уништени шуми со големина од половина Англија за една годинам, глобалното уништување на шумите се зголемува

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk