Од коментарните што ги чув од Александар Николовски и од неговиот колега (Драган Ковачки), имам дилеми дали до толку не знаат што зборуваат или свесно го прават тоа за да ме омаловажат мене или свесно да ги поткопаат процесите, но сега веќе го знам одговорот, и кога ќе се сетам на целосната изјава на пратеникот Александар Николоски кој е и потпретседател на партијата, а она што се слуше веќе во партијата го одредиле и за министер за одбрана во сенка, кога вели ние тие пари ќе ги пренамениме за општините и тука станува јасно дека тие (ВМРО-ДПМНЕ) немаат намера да продолжат со процесот на модернизација на одбраната. Тие сакаат македонската армија да ја вратат во 2017 година, таму каде што ја оставија и оваа изјава е потрврда за тоа“ рече таа.
Петровска го повика на ТВ соочување потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски
„Кога сме на таа тема, јас секогаш сум отворена прашањата ги одговарам директно, меѓутоа и овие обвнивања сум поготвена да ги одговорам директно и еве ова нека биде една покана до пратеникот Александар Николоски за едно ТВ соочување со мене на тема хеликоптери и се што има да каже слободно нека ми каже на Телевизија, пред граѓаните“ порача Петровска.