Ние имаме некои проценки дека имаме околу 700.000 иселеници со македонски патни исправи, од нив околу 400.000 се втора или трета генерација, сите тие придонесуваат за пополнување на македонскиот буџет, рече во интервју за Слободен печат, Слободан Близнаковски, директор на Агенцијата за иселеништво.
„Да не заборавиме, буџетот на државата е околу 5,4 милијарди евра, 20% од нив, или една милијарда придонесуваат македонските иселеници. Тоа значи дека тие придонесуваат за стабилноста на македонскиот денар и на македонската економија и затоа ние треба поголемо внимание да обрнеме кон иселениците“ рече Близнаковски.
Во однос на мотивите на бојкот од страна на македонската дијаспора на последниот попис, Близнаковски посочи дека одговор за тоа треба да даде поглаварот на МПЦ и две опозициски партии кои повикувале пописот да се бојкотира.
„Одредени личности треба да дадат отчет зошто повикаа на бојкот, а посебно Архиепископот на МПЦ“ рече Близнаковски.