Кандидатот за претседател на државата Бујар Османи, во објава на Фејсбук, ги покани на заеднички ифтар неговите против кандидати во претседателската трка .
– На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, ги поканувам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар за да разговараме. Во духот на овој свет месец и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за европски претседател, напиша Османи.
Д.Ј.