ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД подготвија нацрт-резолуција на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа

March 21, 2024 11:52
in ДЕНЕС, СВЕТ

Соединетите Американски Држави подготвија нацрт-резолуција за Советот за безбедност на ОН со која се повикува на „итен прекин на огнот поврзан со ослободување на заложниците“ во Појасот Газа, изјави државниот секретар Антони Блинкен.

Дипломатот го објави ова за време на турнејата на Блискиот исток, во рами на која утре ќе го посети и Израел.

Клучниот сојузник на Израел, Соединетите Држави ставија вето на претходните гласања во Советот за безбедност на ОН за речиси шестмесечната војна, при што на последното гласање во февруари имаа забелешка на терминот „итен прекин на огнот“ во нацрт-резолуцијата поднесена од Алжир.

Меѓутоа, во последните недели Вашингтон го засили притисокот врз својот сојузник, истовремено инсистирајќи на тоа дека милитантите на Хамас мора веднаш да ги ослободат заложниците кои тие ги киднапираа за време на нападот на Израел на 7 октомври.

– Ние всушност имаме резолуција што ја претставивме токму сега пред Советот за безбедност на Обединетите нации, која повикува на итен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците и се надеваме дека земјите ќе го поддржат тоа – рече Блинкен во Саудиска Арабија. .

– Мислам дека тоа би испратило силна порака, силен сигнал – изјави тој синоќа за саудискиот медиум Ал Хадат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го уништи Хамас како одмазда за нападите на 7 октомври.

– Се разбира, ние стоиме покрај Израел и неговото право да се брани… но, во исто време, императив е цивилите кои се во опасност и кои толку страшно страдаат – да се фокусираме на нив, да ги натераме приоритет да е заштитата на цивилите и  обезбедувањето хуманитарна помош, истакна Блинкен.

Tags: БлинкенГазапрекин на огнотСаудиска Арабија САД
Next Post

Светски ден на луѓето со Даунов синдром: Кои се неговите знаци и дали може да се лекува?

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk