Зборувајќи за соработката со други фестивали, Ана Стојаноска – уметничка директорка на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, во интервју за Слободен печат рече дека нејзина идеја е да се создаде меѓународна мрежа од национални театарски фестивали.
Идејата е да направиме една мрежа на национални фестивали. Сега, на фестивалот може да се донесе само една претстава од македонски автор работена од странски театар и тоа само во придружна програма, но идејата е да видиме што се случува на сродните фестивали, па да направиме една мрежа, на пример победникот од Војдан Чернодрински да гостува некаде на страна, па нивниот победник да дојде кај нас. Убаво е да се комуницира да се соработува и да се стекнат искуства и да видиме до каде сме ние. И тоа е во план да се направат тие работи, сето тоа да биде функционално и да биде видливо“ порача Стојаноска за Слободен печат.