ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата, рече министерката Петровска на отворањето на Информативниот ден на НАТО Програмата „Наука за мир и безбедност“

March 28, 2024 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Клубот на пратеници го отвори Информативниот ден на НАТО Програмата „Наука за мир и безбедност“ на кој стотина претставници од академската заедница и невладиниот сектор можат директно да се запознаат со целите на оваа НАТО програма и начините за заедничка работа на развојни програми во областа на науката и технологијата.

Петровска пред шефот на Одделот за управување и координација на оваа програма, Клаудио Палестини, Ејуп Турмус, советник и програмски менаџмент, нивниот тим и останатите присутни порача дека за помалку од една деценија светот се соочи со кризи со кои не се соочила Алијансата од нејзиното основање пред седумдесет и пет години. Во услови на променета безбедносна средина, сајбер-напади, енергетска и здравствена криза, рече, повеќе од важно е да се приспособиме на промените и како општество и како индивидуи.

„Особено ни се важни интердисциплинарните истражувања и отвореноста на академскиот простор, за пред сè, да го зачуваме дијалогот помеѓу сите чинители жив, отворен и витален, и да ги донесеме најдобрите решенија за сите, со помош на наука базирана на докази, преку која ќе обезбедиме траен мир и просперитет за сите граѓани во сите области на живеењето“, рече Петровска.

Оваа програма, истакна министерката, ги поврзува научниците НАТО и нејзините партнерски земји за да се справат со овие предизвици преку научно истражување, технолошки иновации и размена на експертиза и знаење. Ја повика академската заедница во Северна Македонија да ја искористи оваа можност за поблиска и поефикасна соработка.

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски земји и таа можност треба да се искористи, бидејќи резултатите ќе бидат од корист за сите“, рече Петровска.

Имајќи предвид дека оваа програма од 2014 година со Северна Македонија реализираше 27 проекти, прво како партнер, а потоа и како сојузничка земја, министерката изрази уверување дека бројот на успешни заеднички проекти ќе расте и подвлече дека Министерството за одбрана е подготвено да продолжи да биде лојален партнер отворен за соработка и за поддршка.

Шефот на НАТО Програмата Наука за мир и безбедност, Палестини, порача дека Северна Македонија веќе беше дел од една од најважните  проекти на оваа програма за развој на Команден систем за инциденти од следната генерација, кој е значајна алатка во зголемувањето на подготвеноста за одговор на кризи како одрони и поплави.

“Среќни сме да ја наречеме Северна Македонија сојузник”, рече Палестини и додаде дека Северна Македонија како земја членка овозможува нејзините истражувачи и проекти да се развиваат во рамките на оваа НАТО програма заедно со партнерските земји.

Програмата на НАТО за наука мир и безбедност ја поврзува научната заедница во НАТО преку соработка на полето на науката со цел справување со новите безбедносни предизвици. Оваа програма креира мрежи на научници експерти и владини претставници од земјите членки и партнери на НАТО за технички и научен напредок. Програмата нуди финансирање, стручни совети и поддршка на активности релевантни за цивилната безбедност кои одговараат на стратешките цели на НАТО и земјите членки, а нејзината цел е заедничко справување со предизвиците на полето на сајбер-одбрана, антитероризам енергетска и еколошка безбедност, односно развој на напредни технологии поврзани со безбедноста.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk