ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државниот пазарен инспекторат ги демантира објавите на министерот Тошковски

March 29, 2024 20:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: ДПИ

Фото: ДПИ

Државниот пазарен инспекторат, ги демантира објавите на Фејсбук страната на техничкиот министер на МВР Панче Тошковски  и Фејсбук страната на Министерството за внатрешни работи, каде се наведува дека инспектори од Државниот пазарен инспекторат ја злоупотребиле својата службена положба и не постапиле во согласност со Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

„Во период од 03- 06 месец 2023 година, од страна на МВР – СВР – Скопје од началникот на Единица за економски и компјутерски криминал, во повеќе наврати беше побарано од Државниот пазарен инспекторат спроведување на координирани акции. Имајќи предвид дека во ваков случај, координатор на акциите е МВР – СВР Скопје, Единица за компјутерски и економски криминал, пазарните инспектори не знаат во кои субјекти ќе вршат надзор се до време на започнување на надзорот кај субјектите. По насоки и во присуство на полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, постапи пазарниот инспекторат во менувачници кои беа одредени од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал. При надзорите е констатирано дека дел од субјектите се регистрирани во согласност со Законот за трговски друштва, а дел од нив биле нерегистрирани за што пазарните инспектори изрекле глоби во согласност со важечкиот Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и го известиле Државниот девизен инспекторат за понатамошно постапување како надлежен врз работењето на менувачниците.“, се вели во демантот.

Од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат е постапено во согласност со своите законски овластувања, непречекорувајќи ги своите надлежности, со што не извршиле злоупотреба на својата службена положба и овластување, истакнуваат од Државниот пазарен инспекторат.

„Изрично укажуваме дека пазарниот инспекторат нема надлежност да одзема парични средства кои се предмет на работење, ниту пак да проверува дали субјектот има лиценца од НБРСМ. Надлежностите за вршење надзор кај резидентити кои вршат менувачко работење има Државниот девизен инспекторат во согласност со Законот за девизна инспекција и Законот за девизно работење, каде е наведено дека девизниот инспекторат има надлежност кај резиденти кои вршат менувачко работење без лиценца од НБРСМ, да врши надзор, да одзема предмети и парични средства, според член 43, 46 и 51 од Законот за девизно работење. Државниот пазарен инспекторат ги повикува сите надлежни институции вклучувајќи го и обвинителството да постапат согласно нивните надлежности и да го решат овој случај до крај“, се наведува во демантот на Државниот пазарен инспекторат

Next Post

Во Балтимор монтиран најголемиот кран за отстранување на остатоците од урнатиот мост

НАЈНОВО

Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

August 18, 2025
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

August 18, 2025

Гал Гадот: Филмот „Снежана“ пропадна затоа што многумина се против Израелците

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk