ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Воздухопловните сили на сојузничка Италија од денеска ќе патролираат над македонското небо

March 29, 2024 18:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска Република Италија со своите воздухопловни сили и официјално се вклучува во НАТО Мисијата за воздухопловно патролирање на македонското небо. Техничкиот договор за вклучување на италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над нашето небо денеска во Скопје го потпишаа министрите за одбрана на двете земји, Славјанка Петровска и Гвидо Кросето.

Министерката Петровска изјави дека одлуката за тоа била донесена и за неа Министерството информирало во средината на минатата година, подвлекувајќи дека таа претставаува приказ на дело на сојузништвото и единството.

-Италијанските и грчки воени воздухоплови во координација со македонското воено воздухопловство ја гарантираат безбедноста на небото над Република Северна Македонија. Изградивме вистинско сојузништво и развивме силна соработка, а фактот дека италијански воздухоплови ќе ја гарантираат безбедоста на нашиот воздушен простор е приказ за целосна меѓусебна доверба. Во деновите кога ја одбележуваме четиригодишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата нема подобар пример за единство и колективна одбрана  од денешното потпишување на овој договор и официјалното приклучување на Италија во оваа мисија. Овој систем е еден од клучните предности кои произлегуваат од членството во НАТО. Италијански и грчки воздухоплови координирани од националниот капацитет, раководени од Сојузничлката воздухопловна команда на НАТО, а под тактична контрола на Центарот за комбинирани воздухопловни операции во Торехал Шпанија. Тоа е единство, сојузништво од кое корист имаат 32 суверени земји и над една милијарда луѓе во светот, рече Петровска

Италијанскиот министер за одбрана Кросето изјави дека е чест што денеска е тука и го потпишуваат овој, како што вели, историски договор со Северна Македонија.

-Италија заедно со Грција ја презема одговорноста за заштита на неботот над Северна Македионија и тоа повеќе од зборови покажува колку е важно сојузништвото во НАТО, бидејќи да бидете сојузници значи да ги направите достапни вашите одбранбени сили за одбрана на други земји кога имаат потреба од тоа. За Италија е чест да работи во оваа насока бидејќи ја има довербата од Северна Македонија, потенцира Кросето.

Инаку, Армијата на Република Северна Македонија ќе биде подновена со набавка на осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“. Вредноста на леталата од типот AW149 и AW169M изнесува 230 милиони евра, а изборот е направен во согласност со долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2023-2032 година и плановите на Армијата за обновување на воздухопловната компонента и опсежно истражување на пазарот.

-Со набавката на новите хеликоптери ќе дојде до значителна модернизација на воздухопловната компонента и подигање на способностите за извршување на мисии како за потребите на Армијата така и за поддршка и на другите цивилни институции на нашата држава. Инвестирањето во Армијата е инвестирање во иднината на нашата држава и затоа ќе продолжиме со овој интензитет, истакна тогаш министерката Петровска.

Првиот хеликоптер ќе пристигне во втората половина на 2026 година, а целата испорака ќе биде извршена заклучно со 2028 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: авиониИталијамакедонско небоНАТО
Next Post
Планот за колонија на Марс на Илон Маск е „опасна илузија“, вели астрономот Рис

Планот за колонија на Марс на Илон Маск е „опасна илузија“, вели астрономот Рис

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk