Овој викенд (30, 31 март) во Игуалада, Шпанија се одржа дваесеттото издание на најстарата шпанска трка во планински велосипедизам Волкат БТТ.
Со вкупна должина од 100 километри и висинско искачување од 2.800 метри, околу 300 велосипедисти од различни земји од светот беа дел од годинешното издание на Волкат Игуалда – етапна трка Маратон која е дел од календарот на Светската велосипедска федерација.
Дуња Иванова од Велосипедскиот клуб Енерџи во женска сениорска категорија, осма на првата и седма на втората етапа, избори седмо место во генералниот пласман меѓу конкурентките претставнички на елитни велосипедски тимови од Чешка, Шпанија, Португалија, Литванија, Боливија…
Брутални терени со исклучително сериозни предизвици во текот на целиот Маратон не ги остави рамнодушни натпреварувачите во текот на целиот натпревар како исклучително сериозен тест за издржливост, физичка и техничка подготвеност.
Фото: Canofotosports / Дуња Иванова.
Ј. Ѓ.