Радовишката полиција вечерта на 6 април во 22.30 часот во Радовиш, ги лишила од слобода Н.С.(29) од село Воиславци, радовишко и Ј.А.(22) и Ѓ.О.(21) од Радовиш.
Како што информираат денеска од МВР, при претрес во домот во Радовиш во кој престојувале лицата, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.