Промоцијата на најновата книга на популарниот колумнист на Фронтлајн, Бранко Тричковски со наслов ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ ќе се одржи на утре, петок, 12 април, во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.
Како и претходната книга „Мојата борба со Македонија“ од Тричковски, се работи за обемно издание. Книгата е на 635 страници! Таа е во издание на Шорткат продукција, најпозната по електронскиот политички весник ФРОНТЛАЈН, каде што Авторот пишува од првиот ден на основањето на 21 септември 2019 година.
Дизајнот на корицата е на познатиот ликовен уметник и дизајнер Зоран Кардула. Графичката опрема на книгата е на тимот на Шорткат продукција. На задната корица се поместени три кратки осврти од Сашо Орданоски, Валентин Нешовски и Џабир Дерала (издавач и уредник). Ќе најдете и кратка биографска белешка со фотографија од Авторот што ја направи познатиот фотограф Чедо Поповски. Во подготовката на овој издавачки проект волонтерски учествуваше целата редакција Фронтлајн.
На промоцијата ќе говорат издавачот Џабир Дерала, универзитетската професорка и колумнистка Емилија Целакоска и поетот Лазар Попов. На промоцијата се најавува и обраќање од самиот Автор, Бранко Тричковски.
Засега толку. Повеќе информации ќе објавиме непосредно пред самиот настан.
Редакција на ПРВАТА ЛИНИЈА