Австралиската полиција соопшти дека шест лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, а повеќе луѓе се наоѓаат во критична состојба, откако бил пријавен напад со нож во трговски центар во Сиднеј, пишува Гардијан.
Стотици луѓе се евакуирани од трговскиот центар Westfield Bondi Junction.
Заменик полицискиот комесар Ентони Кук потврди дека напаѓачот бил застрелан од полицајка, пренесува Гардијан.
„Таа се соочи со напаѓачот, го следеше, кога тој се сврте кон неа, го подигна ножот. Таа го застрела. Во нападот загинаа пет лица“, истакна Кук.
Службите за итни случаи одговориле на дојавите за „маж што трчал низ трговскиот центар со нож“.
„Службите за итни случаи беа повикани во трговскиот центар по извештаите за избодени повеќе луѓе. На луѓето им е наложено да го избегнуваат тој дел. Истрагата е во тек и нема други детали“, кусо соопштија од полицијата.
Очевидци за медиумите изјавија дека меѓу жртвите има мајка и бебе.
Центарот е се уште затворен, а излегуваат и дел од посетителите кои се криеле во продавниците, додека тактичките екипи се движат низ објектот.
#BREAKING: Paramedics have been told to pull out of centre as the Bondi Westifeld is still being considered a live scene.
Specialist units are currently going store-to-store, clearing the shopping centre. #9News
READ MORE: https://t.co/uGK2VEIMaF pic.twitter.com/0IJm3aETwP
— 9News Sydney (@9NewsSyd) April 13, 2024
Г. Т.