„Со таа изјава, противкандидатката им ја собори целокупната политичка стратегија 2 години наназад. Тие 2 и пол години, 24/7 само тоа ни кажуваат, дека мора да ја прифатиме комплетната бугарска историја за да влеземе во Европа“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Куманово, одговарајќи на прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лагите, кога и самата Силјановска-Давкова кажа дека историските прашања не се дел од францускиот предлог и преговарачката рамка.
Пендаровски додаде дека неговата противкандидатка јасно и прецизно кажала дека историјата не е предуслов за членство во ЕУ.
„Претпоставувам дека ја критикувале во партијата после таа изјава, но таа е нивен избор, не сум ја наметнал јас“ рече Пендаровски.