ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Николовски во посета на малата винарија Киево во Карбинци

Се гордеам што денес имаме 173 регистрирани и со грант поддржани 145 мали семејни винарии, ширум целата држава преку мерките што за поддршка на земјоделците ги креираме изминативе години, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при денешната посета на Филип Камчев, сопственик на малата семејна винарија Киево во Карбинци.

April 15, 2024 20:00
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Се гордеам што денес имаме 173 регистрирани и со грант поддржани 145 мали семејни винарии, ширум целата држава преку мерките што за поддршка на земјоделците ги креираме изминативе години, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при денешната посета на Филип Камчев, сопственик на малата семејна винарија Киево во Карбинци.

Малата семејна винарија Киево е добитник на грант поддршката од 10.000 евра, за набавка на опрема за производство, со која набави ферментатор за црвени вина, садови за чување на виното и полначка, а воедно им се отвори можност за ангажирање на стручно лице енолог во процесот на производство.

-Малите семејни винарии се наша успешна приказна на која сите треба да бидеме горди. Оваа успешна приказна за развојот на малите семејни винарии, започнавме да ја испишуваме во 2019 година, кога со законски измени создадовме можност за регистрација на физички лица, како производители на вино. Денеска со гордост можам да кажам дека имаме рекордна бројка од 173 регистрирани мали семејни винарии, ширум целата држава.  Со грант поддршка, до сега, се поддржани 145 мали винарии, изјави министерот Николовски.

Вложуваме, додаде, многу во винскиот сектор, а резултатите од креираните мерки веќе ги гледаме. Ако до 2019 година сме имале 71, денес имаме вкупно 255 регистрирани винарски визби во државата. Како држава сме позиционирани на високото 13 место во светот, по остварен девизен прилив од извоз на вино, кој во 2023 година достигна 57,7 милиони евра.

-Донесовме целосно нов закон за вино, усогласен во целост со регулативите на Европската Унија, кој на лозарите, за прв пат, со закон им ја гарантира цената на винското грозје. Како и нова посебна програма за финансиска поддршка за лозарството и винарството, истакна Николовски.

Ние, посочи, сме винска земја со вредни лозари и ентузијасти како Филип, кои од убавото наше грозје, го прават најубавото вино, по кое светот не препознава. Токму затоа нашата поддршка кон малите винарии продолжува.

-Нашата визија, веќе за следната година е овој грант да порасне од 10.000 на 15.000 евра. Преку нова мерка исто од следната година сакаме да ги поддржиме семејните домаќинства во рурални предели, во развој на руралниот вински туризам, преку грант до 10.000 евра поддршка, потенцира Николовски.

Tags: ВинаријаЉупчо Николовски
Next Post

Хана Гутиерез-Рид која му даде наполнет пиштол на Болдвин осудена на максимални 18 месеци затвор

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk