ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Шега на Пендаровски на митинг во Делчево претставена како закана

April 16, 2024 11:44
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во Делчево (9:30 до 9:55 минута) може да се види дека Пендаровски се шегува и се смее. Впрочем и Пендаровски на митингот во Кавадарци, објасни дека се шегувал (26:57 до 27:38 минута од видеото). Но, очигледно е дека објавата манипулира и шегата на Пендаровски ја пласира како некаква закана, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека претседателскиот кандидат на СДСМ и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски, на митинг во Делчево, им упатил закана на граѓаните:

ПЕНДАРОВСКИ СО ЗАКАНА ДО ГРАЃАНИТЕ НА ДЕЛЧЕВО: Не ви идам уопште, ако не водам во првиот круг!

Објавата споделува и напис со ист наслов во кој на почетокот констатира дека „ако не победи после првиот круг на претседателските избори на 24 април, Стево Пендаровски веќе нема да се сретне со граѓаните на Делчево“.

На митингот во овој град тој даде шокантна изјава: Иначе не ви идам уопште ако не водам после првиот круг!, пишува во написот.

Написот споделува и видео во кое може да се слушне „шокантната“ изјава на Пендаровски.

Проверката на Вистиномер покажа дека Пендаровски не упатил никаква закана до граѓаните на Делчево, како што се тврди во објавата. Имено, на видеото од митингот во Делчево, кое е јавно достапно на официјалниот Фејсбук профил на Пендаровски, може да се види дека тој се шегува и се смее. Во неговата изјава нема никаква закана.

Изјавата ја пренесуваме во целост (9:30 до 9:55 минута од видеото)

Добровечер Делчево. На почетокот едно прашање. 2019 како поминавме овде на избори? Дали победивме? (од публиката се слуша „да“) Дали ќе победиме и сега? (од публиката повторно се слуша „да“) Иначи не ви идам во втор круг уопште ако не победиме уште во први круг! (по ова Пендаровски се смее, а се слуша смеа и од публиката).

За изјавата во Делчево, Пендаровски, на митингот во Кавадарци, објасни дека се шегувал. И видеото од митингот во Кавадарци е јавно достапно на неговиот официјален Фејсбук профил.

На прашањето од публиката, што доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го одбие дуелот кој што му го понудил Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ одговара (26:57 до 27:38 минута од видеото):

Досега ако не прифатил, значи нема намера да прифати. Инаку, вчера во Делчево кога бев, гледам дека ме критикува за таа изјава таму. Им велам мора да победиме уште во прв круг и вели не сака да ги види луѓево во втор круг. Мислам дека не ме разбира, освен што човекот на разбира шега. Тоа сакав да му кажам, ние ќе го победиме него во првиот круг, нема да има потреба од втор круг.

Значи, не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме. На видеото од митингот во Делчево може да се види дека Пендаровски се шегува и испраќа порака дека ќе победи во првиот круг. Очигледно е дека објавата манипулира и шегата на Пендаровски намерно ја пласира како некаква закана.

Поради сето погоре, оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст. Точно е дека Пендаровски ги искажал зборовите „Иначе не ви идам во втор круг уопште ако не победиме уште во први круг!“, но не станува збор за никаква „закана,“ туку за шега.

Next Post

Нема избрани поротници на првиот ден од судењето на Трамп на Менхетен

НАЈНОВО

Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

Николоски: Целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичевo, обезбедени 5,3 милиони евра грант, државата го добила и случајот „Казандол“

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk