ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Премиера на документарниот филм „Време на бетон“, филм посветен на архитектонско-урбанистичката историја на Скопје

April 17, 2024 19:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Долгометражниот документарен  филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и продукција на Скопје Филм Студио ќе  биде премиерно прикажан во четврток, 18. април во Кино Фросина. 

„Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од  почетокот на дваесеттиот век. Посебно кусата ера на брутализмот. Што е она што доведе  до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е  неговата вредност, естетска, архитектонска, практична и зошто тој е со децении предмет на  политичка конфронтација, идентификација и антагонизам? „Време на бетон“ претставува  обид да ги деконструира и објасни овие феномени.

Грижливо компронираните кадри, надополнети со архивски снимки и фотографии, како и  3Д анимации, водени од нарација, го прават овој филм едно уникатно аудио-визуелно  патување низ скопскиот бетон и неговата контроверзност.

Време на бетон“ е снимен по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на  нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски.  Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на  музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата  е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски.  Овој филм е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна  Македонија.

Tags: Долгометражен документарен  филм „Време на бетон“Игор Иванов
Next Post

Бајден го повика Конгресот итно да одобри воена помош за Украина

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk