ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Внимание: За граѓаните најзначајни споменици на културата во Скопје се Калето, Старата чаршија, Камениот мост, Даут пашин амам, Аквадуктот, Скупи и ГТЦ

April 18, 2024 16:05
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На светскиот ден на културното наследство екипата на „Внимание“ ги прашува граѓаните – Кои се најзначајни споменици на културата во Скопје, во Македонија, и кое е најважно културно наследство во светот?

Најчесто споменувани одговори од анкетираните граѓани за споменици на културата во Скопје се : Калето, Старата чаршија, Камениот мост, Даут пашин амам, но граѓаните ги спомнуваат и Аквадуктот, Скупи, Старата железничка станица, ГТЦ, црквата Свети Спас, манастирот Свети Пантелејмон во Нерези, па и поновите споменици кои не се дел од културното наследство. Како најважни во Македонија граѓаните ги спомнаа Стоби, Самуиловата тврдина, Хераклеја, Канео, манастирот Свети Наум, Плаошник, Кокино, гробот на Тоше Проески и спомен куќата, Марковите кули, Македониумот во Крушево.

Најважно културно наследство во светот за граѓаните е пред се јазикот, па пирамидите во Египет, Колосеумот, Статуата на слободата, Кинескиот ѕид, Ајфеловата кула, Кривата кула во Пиза, Мона Лиза, шумата Амазон, споменикот на Исус во Рио де Жанеиро.

Граѓаните даваат интересни одговори и на прашањата „Кога сте посетиле некој споменик на културата?“ и „Кога последен пат сте биле во музеј?“

Некои одат редовно во музеј, а некои биле од пред неколку години. Како последни посетени музеи ги спомнаа Археолошки музеј, Музејот на македонската борба, Музејот на современа уметност, а од странство, посета на музеи во Прага, Белград и други.

Како последни посетени споменици на културата граѓаните ги посочуваат: Аквадуктот, манастири и цркви, Стоби, а од странство Аја Софија во Истанбул, Капали чаршија, Колосеумот во Рим и други.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите.

Next Post

Имотот на претседателските кандидати

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk