ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

April 19, 2024 23:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, наместо национално единство за мораториум. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што треба да ја донесете на овие избори, порача вечерва од Струга претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на Коалицијата за европска Македонија.

Коментирајќи го синоќешниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на митингот во Охрид, за македонско единство и за мораториуми, тој заклучи дека се повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во, како што нагласи, главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ.

– Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски, кои нема да се откажат од нашата европска иднина, додаде Ковачевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски било истото ВМРО-ДПМНЕ, кое на чело со Груевски 11 години, како што рече, ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор.

-Тие нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ, а потоа ќе ја обвинуваат Европската Унија за сѐ. Спремни се Македонија уште 100 години да не влезе во ЕУ, рече Ковачевски.

Главен фокус на неговата партија, нагласи дека останува членството во Европската Унија, за државата да напредува.

Тој вети и 20.000 денари минимална и 30.000 денари просечна пензија за достоинствен живот на пензионерите, како и други финансиски мерки за нивна поддршка, потсетувајќи на зголемувањето на пензиите за 55 проценти.

– Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме барањето на граѓаните за попросперитетна држава, со новата програма за европска иднина. Оваа програма е реална, остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане наша реалност, рече Ковачевски.

Пред стружани говореа и носителите на листата во изборната единица 5 од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, Јован Митрески и Бисера Костадиновска – Стојчевска, кои презентираа дел од мерките од предизборната програма.

Барајќи ја поддршката од стружани да го дадат својот глас за Коалицијата за европска Македонија на парламентарните избори и за Стево Пендаровски на претседателските, Митрески ги повика да се обединат и, како што порача, да не дозволат да се вратат оние кои ја доведоа Македонија до бездна и од неа направија заробена држава.

Митрески смета дека младите не смеат да бидат жртви на политичари без став и без визија и оти државата мора да оди напред.

– Во Струга ги реновиравме буквално сите училишта и спортски сали и изградивме три нови сали. Го реконструиравме затворениот пливачки базен, тројно ја покачивме минималната плата. Ги дуплиравме странските инвестиции. Ги зголемивме пензиите за над 50 проценти, ги покачивме платите во сите сектори. Но, тоа не е доволно. Поминавме и поминуваме сериозни економски последици од КОВИД кризата, но и од војната во Украина. Затоа ни е потребна ЕУ. За побрзо да ги донесеме европските стандарди дома, рече Митрески.

Тој ги повика стружани да се обединат и, како што рече, да не дозволат да се вратат оние кои ја доведоа Македонија до бездна и од неа направија заробена држава.

Костадиновска-Стојчевска пак посочи дека со секој чекор кон ЕУ граѓаните добиваат повисоки плати и пензии. Пред стружани укажа дека, според неа, пред нас повторно стои важната задача да останеме на европскиот колосек и да не дозволиме да се врати изолацијата, неизвесноста, пропуштените шанси за развој и мирен соживот.

– Точно е, има алтернативи, но секоја од нив значи неизвесност, уназадување на демократијата, нула шанси за развој. И затоа, сигурна сум дека граѓаните ќе покажат висока свест на овие избори и ќе знаат да препознаат што е конкретна понуда, кој настапува со јасни и зацртани цели за подобар живот за сите граѓани, а кој сее ветер и магла и сака да ги превесла граѓаните со лажни приказни, рече Костадиновска-Стојчевска.

Коалицијата за европска Македонија предводена од СДСМ вечерва одржува предизборен митинг и во Охрид. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk