Перките на црвената кула-ветерница над кабаре-клубот „Мулен руж“ во Париз, паднале на земја сабајлево, меѓу два и три часот по полноќ. Во настанот нема повредени, пишуваат француските медиуми.
Притоа, откршен е и дел од натписот, поточно буквите „MOU“ (од „Moulin Rouge“). Засега не е позната причината за откршувањето и нема опасност од нова несреќа, соопштија надлежните служби.
Les joies d’aller bosser à 3h : se retrouver nez à nez avec l’hélice du moulin rouge tombée par terre pic.twitter.com/Xi9zI0TJHu
— Adélaïde Malavaud (@AMalavaud) April 25, 2024
Според известувањето на „Мулен руж“, првпат се случува вакво нешто откако познатиот клуб е отворен од 6 октомври 1889 година. Единствената посериозна несреќа во можеби најпознатиот кабаре-клуб во Франција, е пожар при работа што се случил во 1915., по што „Мулен руж“ подолго време бил затворен.